За Нас

Компанијата е основана 2000 година во Скопје. Основна дејност е увоз, дистрибуција и продажба на аудио опрема и додатоци за автомобили како и услуги во делот на вградување на истите. Наша цел е обезбедување на квалитетни производи и услуги кои ги пратат најновите трендови во автомобилската индустрија.

Во нашето портфолио се вбројуваат светски познатите брендови RCF car audio (Италија), Macrom(Италија), Magnat car audio(Германија), MTX audio(УСА), Alpine(Јапонија), Clarion(Јапонија), JVC(Јапонија), Rockford Fosgate(УСА), ESX audio(УСА), Musway audio(УСА), Connects2(Англија), Streetwire(УСА), CTK sound insulation for cars(Украина), GT auto alarm(Италија) и др.

Vox centar јасно ги идентификува потребите на купувачите и ги визуализира иновативните решенија со внимателно планирање и активна комуникација со своите клиенти со цел постигнување на најдобри резултати. Наш приоритет е креирање на врвни аудио и видео решенија за Вашиот автомобил,а наше мото е ПРЕМИУМ ЗВУК ЗА НЕЗАБОРАВНИ ПАТУВАЊА.

Најчесто поставувани прашања

Изборот на соодветен уред е клучен за квалитетот на звукот во Вашето возило. При изборот треба да се земат во предвид пред се следните фактори: -големина на просторот предвиден за радио/мултимедија (1 DIN или 2 DIN) -посакувани опции /функции на новиот уред.

Авто звучниците се една од најважните компоненти во автоакустиката. При изборот треба да се земе во предвид следното: -префериран тип на звучници: коаксијални(високотонецот и вуферот се поврзани во една единица,едноставни се за вградување) или компонентни(високотонецот и вуферот се одделени што овозможува подобар квалитет на звук) -RMS моќност на звучниците (колку сила може звучникот континуирано да издржи) -Peak моќност (максимална краткорочна сила која звучникот може да ја издржи) -Осетливост на звучникот изразена во dB (повисока осетливост значи погласен звук при помала моќност). Препорачана моќност е 90 dB или поголема -Фрекфентен опсег(поквалитетните звучници покриваат широк спектар од 50Hz до 20000Hz или повеќе што овозможува прецизна репродукција на ниски,средни и високи тонови).

Доколку преферирате јак и квалитетен звук,авто засилувачот е неопходен. Користење на истиот значи почист звук и помала дисторзија при поголема јачина на аудио сигнал.

Каблите за напојување играат важна улога во перформансите на аудио системот во Вашиот автомобил. Користење на кабли со несоодветна дебелина значително го намалува квалитетот на звукот и може да предизвика оштетување на опремата. Дебелината на кабли која се користи зависи од јачината на засилувачот: 6mm2 за засилувачи до 300W RMS; 10mm2 за засилувачи до 500W RMS; 20mm2 за засилувачи до 1000W RMS; 35mm2 за засилувачи до 2500W RMS; 50mm2 за засилувачи до 3000W RMS. Составот на каблите кој се користи при монтирање исто така е од витално значење за квалитетот на звукот; употреба на 100% OFC бакарни кабли значи подобра спроводливост и подолг век на траење додека пак користење на CCA кабли со структура бакар алуминиум е поефтина алтернатива,но и помалку ефикасна.

Да, но за тоа Ви е потребен High Level RCA адаптер.

-Пред се потребна е соодветна стручност и опрема -Заземјувањето треба да биде поврзано на чиста метална површина на возилото -Каблите за напојување и аудио сигнал треба да бидат раздвоени да за се избегнат прекини во звукот -Поставување на битуменска изолација ги намалува вибрациите и ја подобрува акустиката во возилото.

-Со користење на компонентни звучници со квалитетни скретници -Додавање на DSP процесор за прецизно подесување на фрекфенцијата -Инсталирање на битуменска изолација на вратите.

Звучната изолација ја намалува бучавата од моторот и надворешната средина со што се подобрува квалитетот на звукот на Вашиот аудио систем.Спречува несакани вибрации и резонанца што значи дека звучниците можат да репродуцираат аудио сигнал со поголема прецизност и минимални загуби. Истовремено ги редуцира и вибрациите од патот и допринесува за поголема удобност при возењето.

Зависно од Вашата желба и потреба може да изберете некој од следните видови паркинг сензори: -Задни паркинг сензори со звучна и светлосна сигнализација -Задни паринг сензори со звучна сигналиацаија -Задни паркинг сензори со монитор и камера -Предни паркинг сензори со звучна сигналиацаија -Предни + задни паркинг сензори со звучна и светлосна сигнализација -Предни + задни паркинг сензори со звучна сигнализација

Посетете не во центарот на градот